За Нас

ЗА НАС

Кои сме ние?

Зголемениот обем на патници, стоки и сообраќај во почетокот на новиот милениум ја наметна потребата од побрз и побезбеден транспорт, а со тоа и потребата од компании кои ќе ги вршат овие услуги.

Нашата идеја за современ, брз и безбеден интернационален транспорт започна да се реализира во 2012 година кога Метак Транс е основана како транспортна компанија чија основна дејност е автобуски превоз на патници на редовните меѓународни линии од Македонија до Италија и обратно.

Со вложениот труд и посветеност од самиот почеток, и континуираното инвестирање во професионални возачи и висококвалитетни возила, кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди за сигурност, на нашите патници им овозможуваме сигурно, безбедно и удобно патување до посакуваната дестинација.

Развојот со текот на годините наметна потреба од проширување на услугите кои компанијата ги нуди, со цел на нашите клиенти да им понудиме дополнителни услуги и сервиси како што се организирани чартер пакети низ цела Европа, групни патувања во најпознатите туристички дестинации, транспорт на багаж и предмети и др.

Нашиот Тим

Нашиот тим се состои од врвни професионалци кои ќе се погрижат во текот на целото патување се грижат за вашата безбедност и удобност.

Нашите возачи се сертифицирани во најдобрите светски академии и своите работни задачи ги извршуваат одговорно и посветено.

Станко Цонев

Основач

Основач и сопственик на компанијата. Успеа својата визија за самостоен меѓународен превоз да ја претвори во успешна компанија.

Гоце Цонев

Главен Менаџер

Главниот мотор на компанијата. Искусен менаџер со повеќегодишно искуство во транспортот.

Гоце Стефановски

Менаџер на флота

Искусен возач со долгогодишно искуство низ европските држави.

Емилија Ристова

Грижа за корисници

Дипломиран маркетинг менаџер.

Повеќе информации:

Macedonian Flag +389 70 638 014
Italian Flag +39 320 69 45 678
German Flag +49 151 43 62 65 26

contact@metaktrans.mk

Scroll to top